Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е незадоволна од резултатите на регионалните избори во северо-источната германска покраина Мекленбург – Западна Померанија, на кои нејзината партијата ЦДУ зеде трето место.
Нејзината партија е зад Социјалдемократите кои освоиja прво место, и антиимиграциската и антиисламистичката Алтернатива за Германија која го освои второто место, иако за првпат учествува на избори.
Меркел вели свесна e дека падот на популарноста го донела миграционата политика.
-Не сум задоволна од исходот на изборите, изјавила Меркел, пренесува Ројтерес.
Сепак, германската канцеларка смета дека нејзината политика е исправна од самиот почеток и дека неопходна е Германија да продолжи да го решава тоа прашање.
– Потребно е да се врати довербата на луѓето во можноста за интеграција на мигрантите, како и доследно депортирање на оние кои не ги исполнуваат условите за азил – рече Меркел.
Инаку вчерашните регионални избори се сметаат за клучен показател на расположението на граѓаните пред парламентарните избори следната година.




