На три месеци пред парламентарните избори во Германија, канцералката Ангела Меркел одлучи да и сврти грб на конзервативната традиција и да го отвори патот за легализација на хомосексуални бракови.
Со ова, како што јавуваат германските медиуми, Меркел, која се кандидира за четврт мандат на чело на германската влада, сака да им одземе изборен адут на левите партии кои одамна се залагаат за оваа легализација.
Утре, петок, Бундестагот, германскиот парламент, треба да го изгласа овој закон.
Во интервју за женскиот неделник “Бригит”, Меркел изјави дека пратениците би требало да гласаат во согласност со нивната совест. Или во превод – таа им порача на пратениците од нејзината ЦДУ партија, но и од другите партии, да ја напуштат партиската дисциплина во гласањето и да гласаат според нивниот сопствен став.
Во 2013 година владеачката коалиција го исклучи легализирањето на хомосексуалниот брак. Идејата на Меркел беше да го одложи овој закон по изборите кои се одржуваат во септември. Но, лидерот на социјалистичката опозиција Мартин Шулц најави дека неговата партијата ќе гласа за овој закон заедно со партијата на зелените и левата партија Ди Линке.




