Германската канцеларка при нејзината посета на Турција изјави дека бегалците ќе имаат повеќе можности во близина на својот дом, пренесе АлЏезеира.
Меркел бара да се создаде „безбедна зона“ за да се заштитат бегалците во Сирија , предлог кој е критикуван од групите на ОН и активистите за човекови права.
Говорејќи на универзитет во градот Газиантеп, Ангела Меркел повика на „зони каде што прекинот на огнот е особено спроведуван и каде што значителен степен на безбедност може да се гарантира”.
Одржување на луѓето раселени од своите домови на сириската страна од границата, ќе им помогне на 28-члената Унија и Турција, која е домаќин на 2,7 милиони сириски бегалци, за да се запре приливот на бегалци до европските брегови.
„Нашата цел не е само да се запре илегалната миграција, туку и бегалците да имаат повеќе можности во близина на нивниот дом “, рече Меркел .
ОН предупредија против ваквиот план, освен ако нема начин да се гарантира безбедноста на бегалците, во воено разурнатата држава. Хуманитарните работници , исто така, се против тоа.




