Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предупреди на моќта на лажните вести на социјалните мрежи кои го манипулираат јавното мислење и ги повика граѓаните да се спротивстават на популизмот.
-Нешто се промени, настапи глобализација, политичката дебата се случува во сосема ново медиумско опкружување. Мислењата не се формираат денес онака како пред 25 години, рече Меркел во Бундестагот, во првиот говор откако во неделата најави дека ќе се кандидира за уште еден, четврти мандат.
Таа рече дека е потребна голема внимателност за да се спречи манипулација на јавното мислење на Интернет, наведувајќи ги како пример лажните сајтови, ботови и тролови.
Предизвик за демократите е а допрат до луѓето, рече Меркле ин предупреди дека во зпадните демократии во пораст е популизмот и политичките екстреми.




