Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел призна дека очекувала подобар резултат, СПД одби коалиција

0
By Нова ТВ on September 24, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Резултатите од излезните анкети од парламентарните избори во Германија покажуваат дека Христијанско демократската унија со коалицијата на канцеларката Ангела Меркел е во големо водство – 32,9% , онака како што покажаа и предизборните анкети.

Извор АРД

Но Социјалдемократите според овие анкети имаат поддршка од 20,8 отсто, со најлошиот резултат по Втората Светска војна.

Трета сила е Алтернатива за Германија (АФД) со 13,1 отсто и за првпат ќе влезе во Бундестагот.

Анкета на ЗДФ покажува дека оваа антисиламистичка партија има најголема подршка во Источна Германија и тоа посебно од машката популација.

Четврти се Либералите со 10,5, петти се Зелените со 9,1 проценти од гласовите и на крај Левицата со 8,7%.

Според овие резултати, проекцијата на освоени парламентарни места е:

ЦДУ-ЦСУ 217

СПД 134

АФД 89

Либералите 70

Зелените 62

Левица 59

Во обраќањето пред поддржувачите Меркел изрази надеж дека откако ќе заврши пребројувањето на гласовите резултатите ќе бидат подобри, истакнувајќи дека оаа победи значи исклучителен предизвик.

Таа призна дека се надевала на подобар резултат, но додаде дека Унијата ги постигнала стратешките цели – да освои најголем број гласови, да добие мандат за составување влада и да не може да се состави влада без Унијата. Сега, според Меркел, треба да се постават основи за на Германија да ѝ оди добро и во наредните 5, односно 10 години. Треба да се работи на економска благосостојба, на одржување на ЕУ, на изградба на силна Европа, како и на борба против илегалната миграција.

-Имаме мандат за преземање на одговорноста. На тоа ќе се нафатиме со сета сила, но и со сиот мир во разговорите со другите партнери, рече Меркел.

Таа вети дека ќе биде отворена да ги слушне загриженоста и сето она што ги вознемирува граѓаните, посебно гласачите на Алернативата за Германија со цел да ги придобие.

Иако пред изборите, аналитичарите предвидуваа дека најочекувана постизборна коалиција би била онаа на двете најгоолеми партии ЦДУ и СПД, генералниот секетар на СПД Хубертус Хеил за ЗДФ изјави дека неговата партија сака да биде опозиција во корист на парламентарната демократија.

Тој воедно ја отфрли можноста за повторно формирање на „голема коалиција“ со ЦДУ.

Но шефот на Кабинет на Меркел Петер Алтмеер за ЗДФ изјави дека партијата не ја отфрла можноста за соработка со СПД, истакнувајќи дека ќе им пристапат на сите партии за коалицирање.

Кристијан Линднер, лидер на германските Либерали рече деја неговата партија се уште не добила понуда за коалиција од ЦДУ ЦСУ, но дека би прифатиле ваква покана.

Зелените изјавија дека нивен приритет ќе бидат Европа и климатските промени.

Мартин Шулц од СПД им порача на Либералите и на Зелените да не се грижат бидејќи Меркел ќе им даде се што сакаат за да остане канцеларка.

-Знам како одат тие коалициски разговори, изјавин Шулц.

Во дебата што следуваше по соопштувањето на првичните резултати Шулц и рече на Меркел дека најголемиот губитник од овие избори.

Еден од лидерите на АфД Александер Гауланд рече дека имаат намера да ја променат земјата.

-Ќе тргнеме да ја урнеме Меркел или кој и да формира влада. Ќе си ја вратиме нашата земја и нашиот народ назад, рече Гауланд пред поддржувачите.

Честитки за изборниот резултат за германските радикали пристигнаа директно од лидерката на француските ултрадесничари Марин ле Пен.

Токму резултатот на Алтернативата з Германија предизвика протести во повеќе градови, но најмасовни беа во Берлин, Келн и Франкфурт.

 

анкети Германија избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.