Published: Sunday, December 7, 2014 16:51
Москва се обидува да ги направи земјите од Западен Балкан економски и политички зависни од Русија со цел да го наметне своето влијание во тој регион, обвини германската канцеларка Ангела Меркел во викенд-интервјуто за германскиот весник „Велт ам Зонтаг”.
За земји од Западен Балкан се сметаат сите држави кои произлегоа од поранешна Југославија, минус Словенија, а плус Албанија.
Таа вели дека Русија се меша во домашните работи и на земјите од источна Европа кои сакаат да имаат поблиски врски со Европската унија. Меркел во разговорот аргументира дека Молдавија, Грузија и Украина одлучиле да го потпишат пристапниот договор со ЕУ и токму затоа Русија создала проблеми за сите три земји.




