Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека со приливот на мигранти, нејзината земја ќе се подобри.
Зборувајќи за “емоционалниот викенд“, кога во Германија пристигнаа околу 20.000 бегалци, канцеларката изрази задоволство дека “Германија стана земја со која луѓето се дружат“.
Таа рече дека Германија ќе им даде заштита на оние кои имаат потреба, но оние кои немаат шанса за добивање на азил, ќе треба да се вратат брзо во своите домови.
Сепак Меркел повика на солидарност од страна на ЕУ.
„Нема да се справиме без европска солидарност“, истакна таа. „Не може некои земји да велат: Немаме ништо со тоа“.
Таа вели Германија, Австрија и Шведска не може да бидат единствените земји кои примаат бегалци.
Берлин сака и да ги забрза процедурите за разгледување на барањата за азил и да го ревидира системот за парична помош на барањето азил.
Владата се надева дека до крајот на месецот ќе ги претстави за дискусија соодветните закони, кои ќе бидат запишани во октомври.




