Published: Monday, February 8, 2016 10:16
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска е во посета на Анкара, каде што со турските власти ќе разговара за кризата со бегалците.
Како што соопштуваат од Кабинетот на Меркел, посетата е договорена на неодамнешната донаторска конференција за Сирија што се одржа во Лондон.
Канцеларката ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Ахмед Давутоглу, како дел од напорите да се намали приливот на имигранти во Европа од кои најголемиот бран завршуваат во Германија.
Турција во ноември се согласи да го ограничи приливот на имигранти од нејзината територија кон Европа, за помош од Европската унија во висина од три милијарди евра.




