Германскиот аналитичар Михаел Шпренг тврди дека германската канцеларка Ангела Меркел во наредните осум недели ќе се најде под голем притисок поради бегалската криза, и ќе биде принудена во март да понуди проверка на довербата во нејзината Влада.
– Меркел е во голема опасност. Може ситуацијата до таа мерка да се заостри, што ќе биде принудена да го постави прашањето за доверба на Владата во Бундестагот, вели Шпренг за виенскиот весник Естерајх.
Тој смета дека канцеларката се движи меѓу два пола – губењето на веродостојноста и губењето на власта. Аналитичарот смета дека со Европската унија Меркел ќе преговара до последен момент и ќе утврди дека сѐ што се обидела не успеало.
– Тогаш ќе се најде компромис што мора да биде некаде меѓу ограничувањата на прифаќањето бегалци и затворањето на границите, смета Шпренг.




