Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска ќе присуствува во прва официјална посета на Босна и Херцегована, sо што ја завршува балканската турнеја.
Меркел во Сараево ќе биде пречекана од претседaвачот на Советот на Министри на БИХ, Денис Звиздиќ, а потоа Канцеларката ќе се сретне и со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.
Предвидено е Меркел да ја посети изложбата во Галеријата, Насловена 11 Јули, 1995, а ќе се сретен и со претставнички на здружението, Мајки на Сребреница. Таа денеска ја завршува тридневната балканска турнеја, во која ги посети и Тирана и Белград.
Во Албанија, Меркел ја потврди европската иднина на балканските земји, но потсети дека за тоа треба да се исполнат познатите критериуми. Со државниот врв на Србија, пак, Меркел разговараше за напливот на мигрантите кои бегаат од завојуваната Сирија.
Таа ги повика земјите на Европската Унија да и помогнат на Србија во ефикасно решавање на проблемот со мигрантите.




