Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел: За две недели ќе видиме дали ублажувањето на мерките ќе го зголеми бројот на заразени

0
By Нова ТВ on April 20, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 20, 2020 20:00

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.452.292 лицa. Од нив починати се 168,758, а оздравеле 642,635 луѓе.

Хонг Конг – Денеска нема ниту еден нов случај на заразен со новиот коронавирус. Таму се регистрирани 1.025 инфекции и четири смртни случаи. И покрај тоа, Владата не ги укинува дел од вонредните мерки.

Велика Британија – Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус се зголеми за 449 лица во последните 24 часа. Тоа е најмало зголемување на смртните случаи во земјата од 6 април досега. За споредба, вчера се пријавени 596 смртни случаи, а 888 смртни случаи еден ден порано. Од почетокот на епидемијата, во британските болници починале 16.509 лица, а вкупно се заразени 124.743. Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека главната загриженост во земјата е да се избегне нов бран на зараза доколку ограничувањата наметнати поради коронавирусот се укинат премногу брзо.

Унгарија – Властите во државата на 3 мај ќе објават план за излез од ограничувањата воведени поради епидемијата. До тој датум во сила се вонредните мерки. Премиерот Виктор Орбан нагласи дека нема гаранции дека епидеммијата че биде ставена под контрола.

Германија – Германија мора да остане будна и дисциплинирана во својата борба против новиот коронавирус за да избегне нов бран во наредните недели, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. „Мора да останеме внимателни и дисциплинирани“, рече Меркел. Таа додаде дека Германија за две недели ќе види дали делумното ублажување на ограничувањата во јавниот живот ја зголемило стапката на заразени. Во Баварија сите ќе мора да носат заштитни маски во продавници и во јавен превоз.

Јапонија – Јапонските лекари предупредуваат властите да направат повеќе за да се избегне преоптоварување на здравствениот систем во земјата, со 10.000 случаи пријавени оваа недела, иако е воведена вонредна состојба. Експертите се загрижени за стотици случаи на заразени од Ковид-19 што се откриваат секој ден во земјата. Иако пандемијата во Јапонија е под нивото достигнато во најпогодените европски земји и САД, земјата има најголем број заразени во Азија зад Кина и Индија.  Според најновите податоци на јапонското Министерство за здравство, 171 лица починале од 10.751 пациенти од почетокот на кризата. Бројот на пациенти се зголеми за речиси 400 за изминатите 24 часа.

Стразбур – Од избувнувањето на пандемијата со Ковид-19, има драматично зголемување на пријавени случаи на насилство врз жени и семејно насилство, како во светот така и во земјите членки на Советот на Европа. Тоа се наведува во декларација на Комитетот на Истанбулската конвенција за спречување и сузбивање насилство врз жени и семејно насилство. Иако во многу земји, пандемијата доведе до забавување на работата на судовите и одложувања на судски рочишта, безбедноста на жртвата и нејзините деца треба да остане приоритет за спроведувањето на законот и судските органи, се вели во декларацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.