Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерки на европските влади за заштита на граѓаните од ценовниот шок на енергенсите

0
By Sashko on February 4, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 4, 2022 09:14
Наглиот пораст на цените на енергенсите на пазарот ги активира европските влади во обид да ги заштитат граѓаните од ценовниот шок и да им помогнат во плаќањето на високите сметки.
Австрија
Австриската влада најави финансиска помош за домаќинствата кон крајот на јануари и го суспендираше паушалот за зелена струја оваа година, проценувајќи ја вредноста на мерките на 1,7 милијарди евра.
Белгија
Белгиската влада на почетокот на февруари соопшти дека ќе го намали данокот на додадена вредност на електричната енергија, како дел од пакетот мерки за заштита на потрошувачите од поскапувањето на енергијата.
Велика Британија
Британскиот енергетски регулатор објави дека поради рекордно високите цени на бензинот во светот, од 1 април ќе ја зголеми регулираната цена на енергијата за најшироката категорија домаќинства за 54 отсто.

За да го ублажи шокот, Владата истовремено претстави пакет мерки што вклучува попуст од 200 фунти на сметките за електрична енергија за сите домаќинства, со период на враќање од пет години и попуст од 150 фунти за даноците за околу 80 отсто од домаќинствата во Англија.

Бугарија

Бугарската влада ги замрзна регулираните цени на струјата и парното за домаќинствата до крајот на март.

Чешка 

Долниот дом на чешкиот Парламент го усвои владиниот нацрт-закон со кој им олеснува на домаќинствата да се стекнат со правото на социјална помош за домување, што треба да им помогне на најранливите на зголемените цени на енергијата.

Франција

Франција вети дека ќе го ограничи растот на регулираните цени на електричната енергија на четири отсто преку владина наредба енергетска компанија ЕДФ, која е 80 отсто во државна сопственост, да продава поевтина електрична енергија произведена во нуклеарните централи на конкуренцијата.

Германија

Германската влада соопшти дека оваа година би можела да ја укине таксата за обновлива енергија во сметките за електрична енергија за да го намали притисокот од зголемените трошоци за енергија врз милиони домаќинства.

Грција

Грција најави зголемување од два отсто на минималната плата и дополнително намалување на даноците на имот за 13 отсто за да им помогне на домаќинствата кои се борат со зголемената инфлација и повисоките трошоци за енергија, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.

Италија

Италијанската влада од јули потроши повеќе од осум милијарди евра за да го спречи поскапувањето на струјата за домаќинствата.

Минатиот месец, Рим објави уште еден пакет мерки, во вредност од 1,7 милијарди евра, чија цел е да ги намалат огромните сметки за енергија и да им помогнат на компаниите да го надминат последниот бран на инфекција со коронавирус.

Холандија

Холандија ги намали даноците за енергија за осум милиони домаќинства.

Норвешка

Норвешка ги субвенционираше сметките за електрична енергија за домаќинствата во декември, покривајќи нешто повеќе од половина од износот над одреден праг. Потоа го зголеми тој удел на 80 проценти помеѓу јануари и март.

Полска

Полска најави намалување на даноците за енергија, бензин и основни прехранбени производи и финансиска помош за домаќинствата.

Шпанија

Шпанија намали неколку даноци за да ги намали износите на сметките до крајот на 2021 година. Во декември одлучи да ја продолжи мерката до мај 2022 година.

Шведска

Шведска ќе плати компензација за најтешко погодените домаќинства од поскапувањето на електричната енергија, а Владата ќе издвои шест милијарди шведски круни (661 милион долари) за овие мерки.

Европска комисија

Земјите од ЕУ во голема мера се независни во креирањето на сопствената енергетска политика, а според регулативите на ЕУ им е дозволено да преземат итни мерки за заштита на потрошувачите од повисоки трошоци.

Во октомври, ЕК објави список на мерки на членките на ЕУ кои можат да ги воведат без да ги прекршуваат правилата за конкуренција, вклучително и помагање на посиромашните домаќинства, финансирање обнова со која се намалува потрошувачката на енергија и ослободување на ранливите домаќинства од повисоки даноци за енергија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.