Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mерки за зголемување на додадената вредност по кризата бара Азески, првиот човек на Стопанската комора

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 17, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските компании покажаа жилавост во време на кризи и се во фаза на изнаоѓање на одбранбени решенија кои ќе ги задржат во игра до моментот кога ќе почнеме да излегуваме од кризата, вели првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески, кој е внимателен околу прогнозите за економијата.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција, Азески рече дека ќе биде задоволен доколку следната година се задржи истото ниво на активност како годинава.

– Иако секогаш практикуваме да држиме до оптимизмот, сепак долгото егзистирање на овие кризи го исцрпува бизнисот, ресурсите и резервите и на компаниите и на државата. Можам да кажам дека без разлика на се, македонската економија покажа жилавост. Очекувам следната година да бидеме сите внимателни и да не избрзуваме со изјавите, бидејќи се работи за глобални движења, рече Азески.

Тој е задоволен од тоа што и во услови на криза е задржана економската активност, нема нарушување на состојбите во стопанството и има раст на извозот.

– Во услови на вакви кризи, да имаш раст на извозот и да ја задржиш економската активност и на база на тоа да програмираш, навистина е нешто за што треба да им се оддаде признание и на компаниите и на носителите на економски политики. Ние сме во константна криза од 2008 година и на тоа во моментот додадени се уште три други кризи. Сепак го зголемуваме извозот што е единствена наша излезна варијатна, немаме нарушување на состојбите во стопанството и се подготвуваме да дадеме одговор на последната енергетска криза за да им помогнеме на компаниите. Верификација на сето тоа е дека немаме застој во враќањето на ДДВ-то, имаме финансирање на сите активности и имаме извозни активности кои растат, посочи Азески.

Според него, она на што треба да се посвети земјава по завршувањето на кризата се мерки кои ќе бидат насочени кон зголемувањето на додадената вредност на домашните производи и услуги.

– Без тоа земјава нема да може да ги сервисира своите услуги во понатамошниот период. Следната голама акција на Комората и на носителите на функции мора да бидат мерки насочени кон зголемување на додадената вредност на производите и услугите. Со ваква додадена вредност, ние не ќе може да го извлечеме она што го планираме, а тоа е раст меѓу 4 и 6 проценти што би гарантирал развојна компонентна во државата во следниот период, смета Азески.

Според Комората, критични се првите три месеци од следната година во однос на енергетската криза, но се надеваат дека Владата ќе остане на најавите да насочи дел од произведената струја во ТЕЦ Неготино директно кон членките на Комората.

– Во овој момент најголем дел од компаниите заради прекинување на долгорочните договори кои ги имаа со трговците, се префрлија на режимот на плаќање месец за месец, односно на динамична цена која е врзана со берзите се со цел да не потпишуваат долгорочни договори на многу високи цени. Меѓутоа, факт е дека првите три месеци од следната година се критични и мислам дека треба да направиме максимални напори. Во Комората се обидуваме да обезбедиме што е можно поевтина енергија и се надевам дека Владата ќе остане на својата определба дел од произведената електрична енергија од ТЕЦ Неготино да ја упати директно кон членките на комората, рече извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев.

Бранко Азески додадената вредност криза Стопанската комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.