Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден на жената, иако има напредок, жените се уште не се рамноправни со мажите

0
By Marija Todorovska on March 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 8, 2024 09:43

Со низа настани посветени на економската, политичката и општествената борба за рамноправност на жените, денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Иако има напредок, сепак жените се уште не се рамноправни со мажите за што говорат податоците дека е помал процентот на жени на раководни функции, а различно се вреднува и трудот меѓу мажите и жените за исто работно место.

Во Северна Македонија, според податоците објавени на официјалната Фејсбук страница на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, во вкупниот број на вработени лица од 15 до 64 години повеќе застапени се мажите (56,2 проценти) во споредба со жените (43,8 проценти). Жените се најзастапени како медицински сестри, шивачки, сметководители, наставнички, економисти, продавачки и правни застапници. Помалку застапени се на работна позиција како келнер (11,9 процент) и сообраќаен полицаец (16,8 процент).

Статистичките податоци покажуваат и дека мал е бројот на жени на раководни позиции. Податоците содржани во публикацијата „Жените и мажите“ на Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупниот број работодавачи во 2021 година, само 19 проценти биле жени.

Жените исто така се значително помалку активни на пазарот на труд. Стапката на вработеност на жените во Северна Македонија во 2021 година изнесувала 38,3 проценти, односно 55,1 процент од жените биле економски неактивни во споредба со стапката на активно учество на мажите на пазарот на труд која изнесувала 56,2 проценти, додека стапката на неактивност била 32,8 проценти.

– Мажите се речиси подеднакво застапени на пазарот на трудот во руралниот и урбаниот дел од државата, додека од вкупниот број вработени жени, значително е помал бројот на вработени во руралните средини (37 проценти), пишува во публикацијата.

Исто така, 59 проценти од неактивните жени на возраст од 20-64 години се неактивни на пазарот на труд поради извршување на семејните обврски наспроти 2,3  проценти од мажите.

Во однос на образованието, статистиката вели дека од година во година на факултетите се запишуваат повеќе жени, а поголем е бројот на жени што се запишуваат на втор и на трет степен на студии. Овој сооднос се однесува и на завршените студенти на прв, втор и трет циклус.

По повод Меѓународниот ден на трудот денеска во Собранието на Северна Македонија ќе се одржи пленарна седница за улогата на жените во 10-тиот состав на Парламентот, а попладне Платформата за родова еднаквост под слоганот „Црвена линија:Правата на жените не се преговарање“ организира Марш за женските права.

Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот мир. Од тогаш, Меѓународниот ден на жената се прославува на глобално ниво со фокус на движењето за правата на жените, родовата еднаквост, репродуктивните права и борбата против насилството и злоупотребата на жените.

Чествување на овој ден се врзува со иницијативата за воведување на универзалното право на глас, односно овозможувањето и жените да гласаат на избори на почетокот на минатиот век, како и со активностите на работничките движења во Северна Америка и Европа. Првата регистрирана прослава на Денот на жената е на 28 февруари 1909 година во Њујорк во организација на Социјалистичката партија на Америка, а веќе од следната година се организирани и првите демонстрации и манифестации во Европа посветени на правата на жените.

Инспирирани од овие настани, германските делегатки, предводени од Клара Цеткин, на Меѓународната женска социјалистичка конференција одржана во август 1910 година во Копенхаген, предложија чествување на Ден на жената, иако во нивната иницијатива не беше посочен конкретен датум. Предлогот беше прифатен од страна на учесничките на Конференцијата со идеја Денот на жената да се искористи за промовирање на заложбите за родова еднаквост и за доделување на правото на глас на жените. По ова, веќе следната година на 19 март ширум Европа е организирано првото одбележување на Меѓународниот ден на жената со одржување на протести на кои е побарано воведување на право на глас на жените, овозможување тие да вршат јавни функции, како и спречување на половата дискриминација при вработувањето.

8 март Клара Цеткин Меѓународен ден на жената Пазар на труд права на жените рамноправност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.