Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси изјави дека немал намера да ја напушти Барселона минатото лето.

-По Купот на Америка, се вратив во Барселона и почнав да се подготвувам за сезоната. Требаше да потпишам договор со Барселона и веднаш да започнам со тренинзи. Мислев дека се е веќе решено и дека недостасуваше само мојот потпис на новиот договор. Она што се случи потоа ги скрши моите планови, изјави Меси за „Франс фудбал“.

Меси ја напушти Барселона во јули 2021 година поради истекот на неговиот договор.

Триесет и четиригодишниот Аргентинец се пресели во Пари Сен-Жермен каде што сезонава постигна еден гол на пет натпревари.