Албанскиот претседател Илир Мета е добитник на наградата „Златен лав“.
Наградата му се додели во Венеција за придонес во промоција на демократијата и политичкиот плурализам, зајакнување на мирот и стабилноста на Балканот, промовирање на соживотот и верската хармонија, како и за зајакнување на италијанско-албанските односи.
-Ова е награда која првенствено е посветена на албанскиот народ, особено Албанците во Италија, од оние кои пристигнале пред неколку векови во Италија до денешните Албанци, за работниците, студентите и за сите семејства на Албанците. Ова е награда и за илјадниците Италијанци кои живеат и работат во Албанија долги години: претприемачи, студенти, професионалци. Оваа награда е симбол на пријателство меѓу Италија и Албанија, уникатно и неразделно пријателство, изјави Мета.
-Оваа награда е посветена и на умерените лидери во регионот кои благодарение на зрелоста и дијалогот направија балканските земји, кои носеа само кризи и војни, денеска да бидат се поблиску до Европа и до мирот меѓу народите, рече Мета.
Наградата е воспоставена пред 71 година.




