Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мета: Го чекам народот на плоштад каде ќе останам се додека не му се врати правото на референдум

0
By Нова ТВ on November 25, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 25, 2019 21:10

Албанскиот претседател Илир Мета рече дека е порешителен од кога и да e за сенационалнот собир што го свика за 8 декември во Студентски град, изјавувајќи дека нема да го напушти плоштадот се додека не им го врати на албанските граѓани правото на референдум признато и со Уставот.

На вечерашната прес-конференцијата одржана по средбата со Советот на албанските амбасадори, Мета рече дека со оваа политичка класа народот е безнадежен и референдумот е единствениот демократски начин да се спаси Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Нема да го напуштам плоштадот се додека заедно не му го вратиме на албанскиот народ правото на референдум што е содржано и во Уставот, се додека не го присилиме Парламентот и сите други да ја спроведат оваа уставна обврска. Им велам на сите граѓани, со оваа политичка класа вие сте безнадежни. Единствениот начин за подобра иднина е да започнете да вежбате директна демократија. Инаку, по неколку години тука нема да има повеќе Албанци, ќе има само имигранти и не знам што друго. Ова е единствениот демократски, транспарентен начин што ја спасува Албанија за неколку години да не го смени своето име како стадион за комерцијални цели, рече Мета.

Посочи дека ова е единствениот начин како Албанија може да биде со Албанците и дека Албанија без Албанци нема и не може да има.

– По 30 години, политичката класа, наместо да се подобри, има тотална деградација и носи нула одговорност. Ги уништи сите форми на политичко претставување. Во Албанија нема повеќе гласање, има само командувања насекаде. Ова нешто ќе заврши и тоа ќе го реализираме сите заедно на 8 декември, во 12 часот на плоштадот „Демократија“ во Студентскиот град, порача Мета.

Тој истакна дека на 8 декември почнува ново движење, втор декември што нема да заврши се додека албанскиот народ не го добие правото на референдумот стекнато пред 21 година.

Претходно албанските владејачки социјалисти го нарекоа чин без преседан повикот на претседателот Илир Мета за одржување сенационален собир на 8 декември.

Актуелниот министер за дијаспора и поранешен премиер Пандели Мајко рече дека претседателот треба да ги седне партиите на маса, а не да биде страна. Го повика шефот на државата да ги почитува неговите уставни овластувања и да најде решение за политичката криза присутна во земјата околу една година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.