Времето во Република Северна Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а дневната ќе достигне до 25. степен.

Идентична прогноза се однесува и за Скопје во кој утринската температура се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време, во првите два дена посвежо, а потоа со пораст на температурата. Во понеделник попладне, претежно во јужните делови на земјата се очекуваат врнежи од дожд.