Времето утрово ќе биде со појава на магла и ниска облачност, а преку ден ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието, и повремено засилен ветар од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.
Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветар од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.