Времето денеска преку денот ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Наместа, особено во југоисточните делови на земјата, ќе има пообилни врнежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 17 до 23 степени.
Во Скопје, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне 22.
Попладне ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи, а на планините снег. Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се интензивираат, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер.