Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд во претпладневните часови, но и со повеќе сончеви периоди попладне. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието, повремено засилен ветар од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветар. Утринската температура ќе се спушти до 9 степени, а дневната ќе достигне до 13 степени.
Во среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер.