Времето во првиот ден од мај ќе биде променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне се очекува краткотраен пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од  20 до 26 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 7 степени и дневна до 24 степени. Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно облачно со краткотраен локален дожд и ретки грмежи.