Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието со засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени, а максималната од 14 до 22 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со умерен до засилен северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови ќе има стабилно време со појава на магла по котлините. Температурите ќе бидат во опаѓање, соопшти УХМР.