Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветар, од југоисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Утринските температури ќе се движат од 11 до 22 степена, а дневните од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 35 степени.