Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветaр претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3 степени, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде со мала до умерена облачност, минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 13 степени.
Според Управата за хидрметеролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Локални врнежи од дожд ќе има во четврток.