Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до четири, а максималната од четири до 20 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до три степени, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во наредните неколку дена следува период на стабилно и потопло време.