Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветар од северозападен правец. Кон крајот на денот, особено на североистокот, облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -3 степени, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје времето ќе биде малку до умерено облачно, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветар. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 2 степена.
Времето во наредните денови ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветар. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста и провејување на слаб снег, утре на северот, а во понеделник во западните планински делови.