Чистка на играчкиот кадар во Будуќност по убедливиот пораз од Црвена звезда во Белград и загубениот трон во АБА лигата. Ден по завршување на финалната серија во регионалното кошаркарско натпреварување, тренерот Јасмин Репеша поднесе оставка што беше прифатена од раководството на клубот. Заедно со хрватскиот стручњак, Подгорица ја напушти и Гога Битадзе кој играше на позајмица од Мега Бемакс, а ослободени од обврски се и Норис Кол, Девин Вилијамс, Ерл Кларс и Коти Кларк.
Црногорскиот состав мораше да остане со тројца странци во ростерот за финишот на сезоната во домашниот шампионат, откако заврши со настапи во Евролигата и во АБА лигата. Конечниот избор падна на Немања Гордиќ, на Џејмс Бел и на Едвин Џексон чија заедничка мисија со преостанатите соиграчи ќе биде враќање на титулата од Бар.