Мигрантите не би требало веќе да стигнуваат до Германија и Европа преку Балканската рута, изјави германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, додавајќи дека е загрижен дека сега бројките на бегалците може да се зголемат со доаѓањето на луѓе преку Италија од Либија, пренесе Ројтерс.
„Јасно е дека Балканската рута е работа од минатото и веќе не треба даима место повторно од каде што луѓето ќе бидат препраќани низ Германија и Австрија и до центарот на Европа“, рече тој на заедничка прес конференција со австрискиот министер за внатрешни работи, Волфганг Соботка во Потсдам денеска.
„Сега проблемот се алтернативите рути, се разбира загрижени сме дека ќе добиеме поголеми бројкина бегалци кои ќе доаѓаат преку Либија и Италија“, додаде тој.
Де Мезиер изјави дека се согласил со Австрија дека ситуацијата на италијанската северна граница не смее да ја повтори ситуацијата од Балканската рута.
Австрија пак објави дека можеби повторно ќе започне со гранични контроли на алпски Бренер за да ги спречи бегалците да доаѓаат од Италија, додека пак италијанскиот премиер Матео Ремзи изјави дека планот на Австрија да изгради ограда на ова место е „срамно и против европските правила“.




