Published: Sunday, March 8, 2026 18:00
Калиа Димитровска: Како не ви е срам да се појавите на говорница по рекорден број на убиства на жени на кои им претходело пријавувано насилство и по кои не се постапувало соодветно и да ни порачате да пријавуваме и да не ги повлекуваме пријавите?
Премиере, како не ви е срам да не ги знаете законите на земјата што ја водите?
Институциите имаат службена должност да постапуваат и да ги заштитат жените жртви на насилство особено оние што живеат во висок ризик.
Министре, Росица директно ве контактираше очајно барајќи заштита додека животот ѝ висел на конец.
Како не ви е срам да продолжите со вашите денови, говори, функции … и да не изразите сочувство?
Извор: Слободен печат.мк



