Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски предизвика, ДУИ одговори: Бараме брзи избори и итно распуштање на Собранието

0
By Xhabir Deralla on August 20, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 20, 2026 13:31

Откако премиерот Христијан Мицкоски ја отвори можноста за предвремени парламентарни избори доколку тоа го побара опозицијата, експресно реагираше Демократската унија за интеграција (ДУИ) со барање за итно распуштање на законодавниот дом.

Иако со месеци инсистираше на редовни избори во 2028 година, променетата реторика на Мицкоски и неговата изјава дека власта нема да седи на страна „како кукавица“ доколку се побара изборно соочување, наиде на брз одговор од Мала Речица.

„Го поздравуваме ставот на премиерот. Конечно и тој разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на земјата ѝ е потребен нов политички мандат“, порачаа од ДУИ.

Од партијата оценуваат дека актуелната Влада го загубила легитимитетот, обвинувајќи ја за европска изолација на државата, деградација на меѓуетничките односи и кршење на Охридскиот договор.

ДУИ сега бара зборовите на премиерот веднаш да се преточат во дела.

„Бараме во рок од неколку дена да се одреди најбрзиот уставен рок и да започнат изборните подготовки. Ако понудата е сериозна, нема причина за одложувања и политички калкулации. Опозицијата го даде својот одговор – ДУИ е подготвена. Нека се распушти Собранието, нека се одреди датумот и да одиме на избори“, се вели во соопштението на партијата.

И покрај жестоките политички препукувања, сѐ уште нема конкретна институционална иницијатива ниту меѓупартиски договор за предвремено гласање. Во јавноста останува дилемата дали најавите се вовед во вистински избори или станува збор само за тактичко тестирање на јавноста и обид за мобилизација на сопственото гласачко тело од двете страни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.