Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски за случајот со Перев: Апсолутно отфрлам дека е направен каков било напад врз тоа лице

0
By Zoran Ivanov on November 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 26, 2025 12:52

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вчера имал консултации во врска со пријавата од новинарот и публицист Владимир Перев (80), дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје и истакна дека апсолутно отфрла оти имало каков било напад.

Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за реакции од Софија во врска со Перев, рече дека некој може да накисне на дождот надвор и тоа да го окарактеризира како хибриден напад од страна на Владата.

Може некој да накисне на дождот и надвор и тоа да биде хибриден напад од страна на Владата, со кој што се загрозува интегративнот процес. Ако некој одлучил да се самоповреди и тоа да го прикаже како напад, хибриден или не знам каков, тоа е друга работа. Видете не очекувајте дека ќе имаме црвен тепих и дека нема да се прават конструкции и инженеринг, на тоа сме навикнати. Инаку, имав консултации во текот на вчерашниот ден и апсолутно отфрлам дека е направен каков било напад врз лицето, кое го споменувате, изјави Мицкоски пред почетокот на Националниот форум – саем на граѓански организации „Соработка помеѓу Владата и граѓанското општество“.

МВР вчера објави дека постапува по случајот пријавен од новинарот и публицист Владимир Перев (80), дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје.

Во колумна објавена на порталот Трибуна.мк, Перев објави дека бил нападнат од маж на околу 40 години кој заедно со него чекал во редот на касата во маркетот. Нападот, како што тврди, бил мотивиран од неговата припадност кон бугарската заедница.

Инцидентот се случил во петокот, а полицијата објави дека презема мерки за расчистување на случајот.

На 21.11.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, В.П. (80) од Скопје пријави дека во 21:05 часот во маркет на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

За овој случај се огласи и бугарското МНР. Во соопштението на објавено на нивната веб страница се бара надлежните органи во Република Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда.

микоски напад перев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.