Published: Friday, September 22, 2017 21:55
Најмалку 21 лице загинаа, а девет се водат како исчезнати, кога рибарски брод што превезувал мигранти потона денеска во Црното Море крај бреговите на Турција, сооопшти турската крајбрежна стража.
Рибарскиот брод потонал на околу 115 километри од градот Кефкен, што се наоѓа на околу 200 километри источно од Истанбул.
Трговски брод ги информирал властите за бродоломот, по што започна спасувачаката акција, во која учествуваат авион и два брода. Во акцијата досега се пронајдени 14 преживеани мигранти.
Локалните власти соопштија дека на бродот имало околу 70 мигранти, од кои најголемиот број биле Ирачани. Според првичните информации, бродот испловил од Турција и се упатил кон Романија.




