Последните 60 мигранти кои останаа во камп во северна Грција, по тридневни судири со полицијата во кои учествуваа повеќе од 1.000 мигранти, го напуштија местото и с евратија во своите престојувалишта.
До судирите со полицијата дојде затоа што мигрантите поверувале во лажните вести на интернет дека се укинати забраните за патување во централна и северна Европа.
Меѓу 60 мигранти кои останаа на ова место, уапсени се неколкумина кои немале валидни документи. Останатите тргнале кон мигрантските кампови или станови во Грција.
Повеќето мигранти се од Сирија, Ирак и Авганистан.
Поради тензиите што се појавија во петокот на грчко макеоднската граница, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска сооштоја дека безбедноста е зголемена и на наша страна, а институциите се подготвени за справување со ситуацијата. Но истакнаа дека грчката полиција ја контролира состојбата и нема опасност за евентуална бегалска криза.




