Велика Британија планира изградба на ѕид во францускиот град Кале во должина од 1 километар со цел да се стопира нелегално поминување на мигрантите, вели англиски официјален претставник за Би-Би-Си.
Ѕидот би бил виок 4 метри.
Неговата изградба се очекува да започне овој месеџ а да биде завршен до крајот на 2016 година.
Иако нема официјална бројка за средствата кои се трошат за изградба на овој ѕид, според податоците со кои располага Би-Би-Си, предвидени се речиси 2 милиони фунти за изградбата.

Во Кале, градот кој се наоѓа на северниот дел на Франција, од мигрантскиот камп кој се нарекува „Џунгла“ , многумина од бегалците се обиделе со помали камиони да се префрлат во Обединетото Кралство и во оваа област се подигнати огради на неколку места за да се стопират нелегалните премини.




