Повеќе милиони жени формираа синџир во јужната индиска држава Керала за еднаквост на половите и како одговор на хинду свештениците и конзервативците, кои им забрануваат на девојчињата и жените од 10 до 50 години да влезат во еден од најголемите хиндуистички храмови на светот, Сабаримала.
Според неофицијални проценки на протестот учествувале повеќе од три милиони жени.
Влезот на жените од 10 до 50 години во храмот Сабаримала беше забранет долги години, а забраната во 1972 година стана закон.
Две жени утрово создадоа историја и влегоа во храмот Сабаримала. Премиерот на Керала рече дека двете жени претходно имале неуспешен обид да влезат во храмот, но дека тоа денеска им успеало. Не е јасно како успеале да поминат покрај чуварите на храмот.

Жените од цела Керала формираа т.н “Женски ѕид” – во знак на протест против забраната.
Официјални претставници на храмот велат дека жените го “осквернија” храмот, кој бил затворен еден час за да се извршат “ритуали за прочистување”.




