Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Минхенска безбедносна конференција: Западот на пресвртница

0
By Нова ТВ on February 14, 2020 СВЕТ
Фото: foreignbrief.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Минхен денеска почнува безбедносната конференција на која во фокусот се заканите по безбедноста во светот, но и поместувањето на силите во светски рамки. Дали САД би штителе НАТО-сојузник ако е потребно и со оружје? – Дали ЕУ-членките треба да соработуваат потесно во сферата на безбедноста? – Исправен ли е светот пред „перфектна бура“ предизвикана од промените на климата и безбедносните прашања?

Овие и други прашања ќе бидат доминантни на годинешната безбедносна конференција во минхенскиот хотел „Баеришер Хоф“. На годишната средба овојпат се очекуваат шефови на држави или влади, како и министри за надворешни работи и за одбрана на повеќе од 40 земји во светот, а ќе има и претставници на економијата и на меѓународни организации.

Фото: rudaw.net

Глобалната безбедносна состојба во светот е напрегната. Трендот од минатата година продолжува. Авторите на „Минхенскиот безбедносен извештај 2020“, кој го диктира тонот на конференцијата, зборуваат за „незападност“. Оваа вештачка кованица значи дека светот генерално, а западните држави особено, не се сосема начисто во врска со своите вредности и својата стратешка определба.

Во извештајот се вели: „Светот станува помалку западен“. Додека едни веруваат дека Западот е под закана од „либерален интернацонализам“, други сметаат дека „токму подемот на илиберализмот и враќањето на национализмот се закана за Западот“. И додека десничарите и левичарите флертуваат со можност од повлекување од глобалната одговорност, авторите констатираат: „Ако Западот постојано се колеба околу вклучувањето во насилни странски конфликти, тоа не значи дека тие конфликти исчезнуваат. Тие може дури и да се заострат“.

Европска самоувереност?

Минхенската безбедносна конференција вообичаено е најдоброто место надвор од границите на Вашингтон на кое може да се создаде слика за актуелните надворешнополитички размислувања на САД, затоа што во Минхен доаѓаат цела низа високи американски претставници. Покрај министрите за одбрана и за надворешни работи, се очекуваат и повеќе конгресмени. Минхен ќе биде, исто така, и можност да се сондираат меѓународните реакции на планот на Трамп за Блискиот Исток.

Фото: infrastructure-channel.com

Но, можеби е потребен уште поголем интерес за тоа како Европа се справува со предизвиците, дали кон нив пристапува поинаку отколу досега. Некои предвидуваат дека Европа, поради својот растечки десен популизам и национализам, се врти кон себе и малку се дистанцира од остатокот на светот. На дел од дискусиите во Минхен ќе стане збор за тоа како Европа да го зголеми своето влијание, пред сѐ во сферата на одбраната. Темата – миграција од југ кон север за Европа стана уште поважна поради конфликтите во Сирија и Либија, а во исто време Русија има дестаблизирачкио влијание од исток.

Фото: epthinktank.eu

Многу Европејци посакуваат ЕУ како глобален актер да настапува посамоуверено и понезависно од САД. Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека ако Европа не го научи јазикот на моќта, би можела „геополитички да исчезне“. Ако САД се пасивни на Блискиот и Средниот Исток, или ако дури сосема се откажат од својот ангажман таму, додека Русија и Турција се обидуваат да го зголемат своето влијание во земји како Сирија и Либија, тогаш тоа може да биде повод за нова политика на Европа во регионот, која е повеќе ориентирана кон нејзините стратешки и економски интереси.

Но, прашањето е дали земјите членки на ЕУ заеднички ќе наоѓаат одговори и тоа не само во сферата на одбраната, туку и во надворешната политика и миграциските прашања. И за темата проширување на ЕУ во Минхен, не првпат, ќе се дискутира жестоко, а за тоа ќе се погрижат државите од Западен Балкан кои имаат многу свои претставници на конференцијата.

Геополитички поместувања на моќта

Русија и натаму им предизвикува големи грижи на европските стратези. Од последната безбедносна конференција Русија забележа повеќе дипломатски успеси, меѓу кои и апелот на францускиот претседател Макрон за преобмислување на односите со Русија. Европа е поделена меѓу импулсот за одржување на дијалогот (и трговските односи) со големиот сосед на исток и загриженоста околу стратешките цели на Москва.

Фото: ft.com

Во безбедносниот извештај за оваа тема се вели: „Многу Европејци се скептични во врска со тоа дали силна конфронтација со Русија е во интерес на Европа“. Додека едни очекуваат рускиот претседател Путин годинава да биде поканет на средбата на Г7 во САД, други сметаат оти е неопходна поголема концентрација на Кина, која и самата понекогаш е во клинч со Русија.

На многуте средби со хотелот „Баеришер Хоф“ се работи за вакви глобални поместувања на моќта, иако тоа не се изговара гласно. Во 2019 година кинескиот претседател Си Џинпинг стави до знаење дека Кина ќе се спротивстави на мешање во она што го смета за свој „заден двор“ како Источнокинеското и Јужнокинеското Море. Сега Кина е во трговски конфликт со САД, барем привремено, и зафатена е со епидемијата предизвикана од корона-вирусот. Освен тоа, тука е судирот и околу Хонгконг, како и западната загриженост во врска со Хуавеи. Сето тоа покажува дека интересот за Кина во Минхен ќе биде голем.

Безбедносна конференција ЕУ Минхен Русија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.