Поради изведување на градежни работи (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, ќе има прекин во сообраќајот од 10 до 15 минути во периодот меѓу 12 и 15 часот, соопшти ЈП „Македонијапат“.

Од АМСМ, пак, информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.