Министерката за образование и наука, Рената Дескоски, денеска одржа средба со претставници на Наставничкиот пленум.
Според МОН на средбата отворено се дискутирало долгогодишните напластени проблеми во образованието.
Министерката Дескоска најави повеќе реформи во основното, средното и високото образование и потенцирала дека секоја реформа ќе се прави со учество на засегнатите страни во образованието, односно дека во процесот на носење политики мора да бидат вклучени оние кои лично ги чувствуваат проблемите – практичарите.
Претставниците на Наставничкиот пленум, на средбата истакнале дека административните обврски – годишните и тематските планови, им претставуваат непотребен административен товар.
Министерката Дескоска изјавила дека е подготвена за намалување на административните обврски на наставниците и дека ќе преземе чекори во насока на ослободување на наставниците од административниот товар, за да можат наставниците повеќе време да посветат на наставните содржини, планови и програми, а во насока на подигнување на квалитетот на образованието.
Наставниците побарале повторно да се испланира фондот на часови во одделенската настава, затоа што сметаат дека учениците се премногу оптоварени за својата возраст и сметаат дека токму оптовареноста е причина за нискиот успех на учениците.