Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерката Томовска Арсовска преку писмо контра забелешките на ОБСЕ

0
By Сашка Цветковска on November 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) одржувала затворени седници за прашања за кои требало јавно да одлучува, вршени биле наводни притисоци врз вработени во јавна администрација, а реформите во медиумите сè уште не се договорени, ова е сумарумот од главните забелешки на ОБСЕ/ОДИХР во нивниот прв извештај за набљудувањето на изборите објавен вчера, а кој што е причината министерката за администрација и информатичко општество, Марта Томовска Арсовска, денеска да пише отворено писмо до претставницните на ОБСЕ/ОДИХР во коешто суптилно застанува во одбрана на власта, а обвинува за злоупотреби  на администрацијата од страна на опозицијата. Таа тврди дека администрацијата била злоупотребувана и од медиумите, не само од опозицијата.

Во изминатиов период вработените во јавниот сектор се предмет на систематска и оркестрирана политичка злоупотреба од страна на политичари, носители на јавни функции, новинари и експерти.  Преку дел од медиумите се врши политичко етикетирање на вработените, истите се нарекувани со погрдни зборови („крлежи“, „штетници“, „корумпирана стока“), а институциите „штали“. Истовремено, претходно дадените изјави за бркање од работа “од хигиеничар до министер” се прави обид да се неутрализираат со новата изборна платформа на опозицијата – гордо дадени ветувања дека никој нема да биде избркан од работа, како тоа да е највисок политички дострел. Ова говори за фактот дека на вработените се гледа само како на “број на гласачи”, при што целосно се деградира и руши нивниот углед и достоинство, како нивната егзистенција да треба да зависи од нечија политичка милост, а не од оцената за квалитетот и од нивната работа.

Опозицијата континуирано обвинува за мешање на партијата со државата, а нивните претставници во институциите ги користат институционалните ресурси за партиски активности. Во простории на државни институции се држат прес конференции на кои се промовираат партиски политики. Со партиски ресурси или од партиски спонзори се финансираат постери, летоци и веб страни на кои се става државен потпис и со кој се повикува на авторитетот на државни институции, постојано се надминуваат законските надлежности и овластувања и се припишуваат туѓи надлежности, вели Томовска Арсовска во писмото од ОБСЕ/ОДИХР.

Според неа, организирано се работи за да се стекнело впечаток дека врз администрацијата се вршеле политички притисоци, кои што Томовска Арсовска ги смета за неточни.

Од друга страна, опозицијата, посветено работи на создавање на перцепција за постоење на политички притисоци на вработените во јавниот сектор од страна на партијата на власт. Секојдневното држење на прес конференции на кои постојано се повикува да се пријави притисоци се заканува со кривични пријави, посетите на јавни институции и делењето на летоци и плакати за пријава на притисоци (кои не се одобрени ниту финансирани од јавни средства и чија содржина ги надминува законските надлежности на функциите кои ги извршуваат), неовластеното прибирање на пријави (кои содржат лични податоци на граѓани, на приватна веб страна регистрирана на домашна адреса на опозициски функционер), како и јавно изнесените шпекулации за ослободување од работа на вработени во јавните институции заради нивно присуство на партиски настани (за кои нема докази ниту информации дека е поведена постапка),  веќе создадоа перцепција во јавноста дека во јавниот сектор се вршат масовни притисоци. Додека опозицијата вели “држете го крадецот”, постојат сериозни индиции дека во општините со кои раководи, во работно време ги користи вработените за снимање на партиски спотови и за делење на летоци за отворање на партиски штабови (ова не се злоупотребува од страна на министерството – оставено е на надлежните институции да ја утврдат фактичката состојба).

 

администрација Избори 2016 Марта Томовска Арсовска ОБСЕ/ОДИХР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.