Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу, денеска имаше работна посета во Секторот за внатрешни работи Скопје, каде што се сретна со раководството на оваа организациона единица при МВР.
Притоа министерот Нухиу беше информиран за состојбата со јавниот ред и мир во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на СВР Скопје која што минала мирно, како и околу тековните состојби во рамки на секојдневните активности на скопската полиција.
Тој потоа беше и во Специјалната болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“ во Чаир каде што заедно со директорот на оваа здравствена установа, д-р Башким Исмаили на 25 годишната скопјанка Нуредини Рамадан Хикмет и го честиташе новороденото машко бебе, наедно прво бебе родено во 2017 година, при што во име на МВР им врачи скромен подарок.