Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за култура и ФИТР: Го штитиме македонскиот јазик преку дигитализација на над 5 милиони записи на Институтот за македонски јазик

0
By Mirjana on August 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 23, 2021 14:29

Од 5-те милиони уникатни јазични записи, досега, за 9 години се дигитализирани само 140 илјади ливчиња. Министерката за култура, Стефоска смета дека тоа е премалку и пребавно и ако продолжи со вакво темпо, веројатно ќе требаат безмалку уште 400 години за да се дигитализира само овoj скапоцен материјал

Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки развој започнуваат процес за забрзано дигитализирање на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со цел да се оствари заштита, валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство на македонскиот јазик.

Предизвикот е наменет за претпријатија кои можат да понудат иновативно решение – сами или во соработка со установа која врши високообразовна, односно научно-истражувачка дејност или друго претпријатие. Проектот треба да содржи пет поглавја во кои се опишуваат методологијата на работа, процесите, технологијата и компетенциите што ќе бидат ставени во функција за да се остварат целите на проектот.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, на денешната прес-конференција во Владата истакна дека Министерството за култура започнува проект за соодветна и итна заштита т.е. дигитализација на над 5 милиони ливчиња.

„Станува збор за јазични записи собирани со децении на терен од вработените во Институтот, но и од студенти, информатори и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, кои со својата собирачка активност помогнале во зачувувањето на ова јазично духовно богатство. Ентузијазам кој овозможил, како култура, да застанеме рамо до рамо со најголемите светски култури“, појасни Стефоска. Таа додаде дека од 5-те милиони уникатни јазични записи, досега, за 9 години се дигитализирани само 140 илјади ливчиња. Како што рече Стефоска, тоа е премалку и пребавно и ако продолжи со вакво темпо, веројатно ќе требаат безмалку уште 400 години за да се дигитализира само овoj скапоцен материјал.

„Затоа, Владата ја поддржа потребата од итна дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик“, рече Стефоска, која акцентираше дека дигитализацијата, како трајна заштита на нематеријалното културно наследство, е врвен приоритет.
„Должни сме да ги заштитиме нашата култура и богата историја и да го превенираме секој ризик по нив. Поради идните генерации“, додаде министерката за култура.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, истакна дека оваа инвестиција е од специјално и навистина големо значење за сите идни генерации бидејќи инвестираме во осовременување и заштита на македонскиот јазик како наше најголемо духовно културно наследство, на дијалектите на македонскиот јазик и топонимијата на Република Северна Македонија.

„За колку важен процес станува збор говори и податокот дека ќе се дигитализираат над 5 милиони оригинални записи на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кои се стари над 500 години. На овој начин ќе создадеме активна заштита на записите во изворна дигитална содржина, како и пасивна заштита од сите форми на ризици што можат да го оштетат или трајно да го уништат културното наследство”, рече Петров. Тој додаде дека е обезбеден вкупен буџет во износ од 14 милиони денари, за кој ФИТР обезбеди 9, додека Министерството за култура на Република Северна Македонија учествува со финансиски средства во износ од 5 милиони денари. Победничкиот предлог-проект ќе биде финансиран 100% од вкупниот буџет, односно до 14 милиони денари. Спроведувањето на проектот може да трае до 12 месеци.

Апликантот треба да биде микро, мало или средно претпријатие, во согласност со Законот за трговски друштва, регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија, годишните приходи да не надминуваат 10 милиони евра во претходните две фискална години според финансиски извештаи и други.

Дел од активностите што ќе бидат одобрени за финансирање се: развој на решението и активности за тестирање, анализа на регулатива, комуникација со потенцијални учесници и други. Некои од трошоците што ќе бидат одобрени на проектите се бруто-плати за вработените кај водечкиот апликант, купување или изнајмување опрема и потрошни материјали во функција на проектот, под договорни услуги за истражување и развој и други.

Постапката, од приемот на пристигнатите апликации сѐ до селекцијата и донесувањето на конечна одлука за избор, се состои од неколку чекори: административна проверка; претселекција, односно прва оцена на предлог-проектот; пичинг, односно презентација на претселектираните предлог-проекти пред Комисијата за оценување и избор; финална селекција и последниот чекор е потпишување на договори. Комисијата за оценување и избор се состои од: двајца претставници на партнерските институции, двајца претставници од областа на предизвикот и еден претставник на Фондот.

Главните критериуми според кои ќе се врши оценување на предлог-проектите се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал за примена, односно пазарен потенцијал и влијание на проектот.
На јавниот повик, компаниите можат да аплицираат најдоцна до 21.10.2021 година, до 14:00 часот, додека процесот на аплицирање и целата проектна документација се достапни на: https://fitr.mk/digitalmk/

 

 

Дигитализација записи македонски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.