Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за здравство: Пациентот што почина не дошол да го подигне лекот

0
By Нова ТВ on December 9, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство се огласи за случајот со пациентот кој почина од пулмонална хипертензија и не дочека да почне со терапијата.  Соопштението го пренесуваме во целост.

„Министерството за здравство, преку Здружението „Момент плус“, беше информирано за состојбата на пациентот, кој на наше големо жалење, пред неколку денови почина од пулмонална хипертензија.

Иако за пациентот, Министерот Доц. д-р Венко Филипче, обезбеди лекови, за жал поради неговата предходно влошена здравствена состојба, тој воопшто не дошол да ја прими терапијата и починал.

Напоменуваме дека пациентот не боледувал исклучиво од пулмонална хипертензија, која ја сметаме за ретка болест и за оваа болест Министерството ги има обезбедено сите лекови кои се потребни за третман и лекување, туку таа била само последица од неговите примарни кардиолошки заболувања.

Во моментов во Македонија има 6 (шест) пациенти со ваква ретка болест и за сите нив се обезбедени терапиите кои им се неопходни. За сите пациенти кои ја добиваат оваа болест како последица од други заболувања, овие лекови ќе бидат достапни на позитивната листа. Kако што веќе граѓаните се информирани, измените на позитивната листа на лекови е се во тек и се во Собраниска процедура“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

За разлика, од Министерството каде велат дека пациентот не дошол да ја подигне терапијата, која ја обебзедил министерот Филипче, од Здужението „Момент плус“ вчера за НОВА изјавија дека не била тука лекарката која требала да потпише за во аптека да му го дадат лекот кој му бил одобрен откако интервенирале кај министерот Филипче.

На овој човек не му следувала терапија бидејќи неговата болест била секундарна, односно имал и други дијагнози освен оваа и затоа се интервенирало кај Филипче.

Како што објави НОВА, пациент со пулмонална хипертензија починал пред да ја дочека неопходната терапија која му била ветена за понеделник(утре). 70 годишниот скопјанец бил остваен без лекови откако пред една година му била регистрирана болеста.

Пациентот кој не го дочекал лекот досега го купувал со свои средства, кога бил во можност, а неговата цена изнесува околу 500 евра месечно.

Според податоците од Здружението „Момент плус“, во државата има десеттина пациенти со ова ретко заболување, а нивниот број е констанен бидејќи како што се појавуваат нови случаи, така од  веќе дијагностицираните по 2-3- ца умираат.

Само половината од овие пациенти ја примаат неопходната комбинирана терапија на товар на државата. Другата половина на кои болеста им е секунадарна, лекови не им следуваат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.