Министерството за култура со одговор дека се неприфатливи и неаргументирани оценките на Советот за култура на СДСМ за Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2013 година.

Визијата за културниот развој на Македонија била отсликана и можела да се види во Националната стратегија за периодот за 2013-2017 година, и жалат што СДСМ никогаш немал ниту визија, ниту чувство и почит за сопствената култура, за уметничките вредности, за уметниците, а за тоа говорела и денешната нивна реакција, соопштуваат од Mинистерството за култура.

„Годишната програма е внимателно и студиозно конципирана од страна на стручни комисии во сите дејности од областа на културата, и во истата се поддржани многу квалитетни и разновидни проекти на националните и локалните установи, граѓанските здруженија, истакнати поединци во областа на културата и млади уметници.

Најважниот критериум кој е применет во изборот на програмата е квалитетот во сите жанрови и сите дејности во областа на културата, а не партиската или каква и да е друга припадност“, е потенцирано во соопштението од Министерството за култура.