Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за надворешни работи одлучи да му покаже на светот како тоа ние го правиме!

0
By Zoran Ivanov on December 16, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 16, 2025 13:38

Но што ние знаеме?! Само критикуваме…. Они надградба направија со лексан над Порта Македонија, подигнаа цел спрат над Собранието… итн. итн. Не се способни ни тоа што го изградија да го третираат онака како треба. Поимање на просторот е доказ за една напредна нација, цивилизација и култура. Деградирањето на просторот е спротивното – епа ние се изгубивме во просторот!

Филип Кнески
Министерството за надворешни работи на Македонија е институција сместена на кејот на Вардар во еден од објектите од проектот „Скопје 2014“. Некои од визуелните точки кои го дефинираат објектот е влезниот трем со тимпанон, и централната купола која се извишува над.

Изминатиот месец сме сведоци на интервенција над овој објект – омиленото македонско делување во просторот – НАДГРАДБА!

Од каде да почнеме со сатирата и цинизмот нема да погрешиме, бидејќи од овој менталитет нема бегање. Па така, одлучивме на светот да му покажеме, како тоа се прави во Македонија. Надградба небаре е ова домата твоја (и тогаш е погрешно, но …), пропорции никакви мислиш ресторан за свадби се подготвува горе. Веројатно и тоа и е функцијата на оваа надградба, за коктелчиња со поглед, приеми и сл.

Какви времиња дојдоа – и Скопје 2014 да го браниме од тие што го изградија – ПАРАДОКС!

Основните визуелни и идентитетски карактеристики на било кој објект треба да се почитуваат од аспект на една градска слика и култура во просторот. Кога веќе сте одлучиле да правите „неокласична палата“, каде извишува централно една купола, не можете повеќе на тој објект да додавате елементи кои се натпреваруват со неа. Таа е центар, таа е ориентир, таа е оска. Кога веќе сте тргнале по патот, постојат висини кои повторно сте требале да ги испочитувате, како разумен компромис и да се постигне рамнотежа преку двострано делување и симетрија во ниската зона, вовлечено и неприметно од нултата кота на тротоарите.

Ова што можеме да го видиме е напад, агресија, без контекст и иновација. Паднати од небо!

Но што ние знаеме?! Само критикуваме…. Они надградба направија со лексан над Порта Македонија, подигнаа цел спрат над Собранието… итн. итн. Не се способни ни тоа што го изградија да го третираат онака како треба.

Поимање на просторот е доказ за една напредна нација, цивилизација и култура. Деградирањето на просторот е спротивното – епа ние се изгубивме во просторот!Текстот е сопственост на Македонска АРХитектура.мк

Скопје 2014 филип конески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.