Момче од Македонија, на возраст од 22 години, се удави вчера на плажата „Утјеха“, помеѓу Бар и Улцињ, пренесеоа црногорските медиуми.
„Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека на наш државјанин (Е.Х., роден во 2000г., во Тетово) му е констатирана смрт на туристичкото место Утјеха. Во тек е обдукција, со цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорки институции“, изјавија од Министерството за НоваТв.
На телото немало траги на насилство, а треба да се утврди причината за смртта.
Младо момче од Македонија се удави на црногорска плажа, отишол на сезонска работа
С.К.