Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МИОА: ЕК ја потврди клучната улога на апликациите како СтопКорона во борба со ковид-19

0
By Нова ТВ on May 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 7, 2020 13:17

Државите членки во Европската Унија, со поддршка на Европската комисија, објавија официјален документ во кои се наведени предностите и клучната важност од користењето на апликации за следење на контактите на лица кои се позитивни на коронавирусот, со цел навремено детектирање на потенцијално новозаболени, рано тестирање и спречување на ширење на вирусот.

На овој начин, како што се наведува во документот во време на пандемија, уште еднаш се потврдува улогата на технологијата за побрзо враќање на нормалниот тек на живот, се наведува во соопштението на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

„Апликациите за спречување на ширење на ковид-19, доколку се целосно во согласност со правилата на ЕУ, може да играат клучна улога во сите фази на управување со кризата, особено кога ќе почне постепеното укинување на мерките за социјално дистанцирање. Тие можат да ги надополнат постојните анкетни листови за контактите на лицата позитивни на ковид-19 и да помогнат во прекинувањето на ланецот на пренос на вирусот“, додаваат од МИОА.

Според комесарката за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес, дигиталните алатки ќе бидат клучни за заштита на граѓани, бидејќи надоаѓа период на постепено олабавување или укинување на мерките за седење дома.

„Апликациите за мобилни телефони можат да нè предупредат за ризиците од инфекција и да им помогнат на здраствените власти за да ги пробијат ланците на пренос. Треба да бидеме посветени, креативни и флексибилни во нашиот пристап за повторно да ги отвориме нашите држави. Треба да продолжиме да ја намалуваме кривата – и да ја задржиме надолу. Без безбедни и соодветни дигитални технологии, нашиот пристап нема да биде ефикасен“, нагласи Киријадикес.

„Северна Македонија, во контекст на препораките на Европската Комисија, е една од првите држави кои изработија мобилна апликација за спречување на ширењето на ковид-19, согласно сите стандарди за заштита на приватноста на граѓаните. Апликацијата „СтопКорона“ е достапна на:https://stop.koronavirus.gov.mk/, се додава во соопштението на МИОА.

апликација Коронавирус МИОА СтопКорона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.