Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мирот е основен предуслов за опстанок на цивилизациските вредности

0
By НОВА ТВ Balaban on March 1, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воената инвазија на Русија врз Украина веќе резултираше со бројни човечки жртви и над половина милион бегалци и раселени лица. Кога е загрозено човековото право на живот, тоа значи рушење на сите права и слободи на луѓето, кои се најголемиот цивилизациски дострел. А тоа што состојбата брзо ескалираше до закани со нуклеарна војна, нѐ соочува со опасноста од планетарна, а со тоа и цивилизациска катастрофа, соопштија денеска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. 

Во моменти кога главниот збор го има оружјето, акцент ставаме на нацрт-резолуцијата претставена на Генералното Собрание на Обединетите Нации за брз прекин на воените дејствија и воспоставување на мирот, затоа што само на тој начин ќе се спречи продлабочувањето на хуманитарната криза. Деновиве, нашите мисли се со Украинците, кои се справуваат со ужасите на војната, но и со оние руски граѓани, кои и покрај забраната за протест и другите репресивни методи, активно се спротивставуваат на крвопролевањето, кое носи страдања за сите.

Луѓето од нашите простори добро знаат што значи безумие кое го девалвира човечкиот живот и токму затоа апелираме до граѓаните да ја задржат трезвеноста и да се воздржат од говорот на омраза, кој има многу посериозно влијание во моменти на акутна криза. Ова особено се однесува на носители на јавни функции, затоа што деновиве имаме прилика да видиме како народни претставници, заради добивање политички поени, промовираат агресија и насилно справување со неистомисленици, a во контекст на украинскиот конфликт. Апелот се однесува и на потребата од внимателност при информирањето, затоа што индустријата на лажни вести и дезинформации неуморно го поларизира општеството и светот до несогледливи граници.

Разумот е главен предуслов за мир, а мирот за севкупниот опстанок и напредок на човекот, државите и човештвото. Демократијата и неприкосновените права и слободи на човекот се производ на научените историски лекции и на заложбата на Обединетите нации за зачувување на мирот, стабилноста и просперитетот на сите народи согласно меѓународното право.

Да не ги заборавиме, додаваат од Хелсиншкиот комитет. 

Русија Украина Хелсиншкиот комитет за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.