На најубавата жена на Турција и е одземена круната поради објавување на „непримерен твит“ за минатогодишниот обид за пуч во земјата, соопштија организаторите на натпреварот за Мис Турција.
Итир Есен (18) во јули објави твит, според организаторот, го навредува споменот на 250 луѓе кои загинаа додека се спротивставувале на обидот за државен удар во Турција.
Круната и е одземена само еден ден откако победи и се стекна со правото да се натпреварува за наубава жена во светот што ќе се одржи во Кина.
Есен, која е манекенка, предизвика лавина коментари на социјалните мрежи откако на годишнината од пучот објави непримерен коментар за жртвите.
Таа ја спореди „крвта“ на загинатите во пучот со својот менструален циклус, објави агенцијата АП.
Организаторите нејзиниот пост на Твитер го сметаат за неприфатлив.




