Published: Sunday, April 19, 2015 16:02
Досега најмалку 18 лица во југоисточниот дел на Нигерија починале од непозната болест која предизвикувала нарушување на видот, главоболка и губење на свеста.
Како што соопштија лекарите од државата Ондо, мистериозната болест влијаела на централниот нервен систем. Проверката покажала дека не станува збор за вирусот Ебола, објави ББС.
Според локалните жители, вирусот се појавил некаде пред три дена и се ширел многу брзо, а заболените умирале во рок од неколку дена.




